Една година откако во базен се удави нивната 19-месечна ќерка Емелин Гриер, познатиот скијач Боде Милер и неговата сопруга Морган објавија дека станале родители на машки близнаци.
Морган објави фотографии од нејзините синови и напиша трогателен пост.
“Осмиот ноември. Ден што не можеше да биде посовршен за донесување на овие двајца во свет. Приказната за нивното раѓање е неверојатна и не можам да дочекам да ја споделам. Јас сум неверојатно благодарна за сите овие подароци што ми ги праќа моето девојче”, напиша таа со фотографијата која што за помалку од еден час доби скоро 14 илјади лајкови.