Астронаутот на НАСА Скот Џозеф Кели постави рекордот за најдолг престој во вселената.
Сепак, за 340-те дена поминати во вселенската станица, тој денес плаќа висока цена. За тоа што му се случило напишал во книгата „Издржливост“.
Ризик од рак
– Додека бев во вселената, примав дневна доза на зрачење еднаква на 10 снимки на градниот кош. Ова го зголеми ризикот од развој на рак до крајот на животот – се вели во книгата.
Зглобовите отечени како да ќе експлодираат
– Чувствувам како ткивото под моите нозе отекува. Одам во тоалет, го палам светлото и гледам надолу во моите нозе. Вонземски екстремитети. Ја викам сопругата, викам од бањата: „Душо, види“. Таа се наведнува и ми ги стиска нозете. Изгледа како да си игра со воден балон – опишал тој.
Осип што гори
– Целата кожа ме боли. Жената очајно го прегледува моето тело. Излезе дека имам чуден осип на грбот, листовите и вратот – секаде каде што моето тело дојде во контакт со креветот. Изгледа како алергија, како да ме нападнал рој пчели – пишува Скот во својата книга.
Постојана треска
– Конечно успеав да кажам нешто – Амико, лошо ми е, се смрзнувам. Мојот глас ја загрижи. Нејзината студена рака ми поминува преку моето рамо, па преку челото. Не и’ беше ладно, додека јас се смрзнував – се обидел да опише низ што поминал астронаутот.
Застрашувачки проток на крв во долните екстремитети
– Се обидувам да станам. Го чувствувам работ на креветот. Полека ги лизгам нозете кон подот. Го кревам грбот. Секогаш кога се движам се чувствувам како да се дадвам во песок. Чувствувам крв, напишал Скот.
Бранови на гадење многу поголеми отколку во претходните мисии
– Спиев неколку часа, но бев во делириум. Се трудев многу да се вразумам, да и кажам на жена ми колку сум лошо. Имам силна вртоглавица. Треска. Болка во целото тело. Никогаш не сум се чувствувал вака, ниту во вселената по долго патување – објаснил тој.
Предвремено стареење на мускулите и зглобовите
– Во март 2016 година се вратив на Земјата по една година во вселената. Се враќав точно 48 часа. Се туркам од масата и се мачам да станам. Како старец да станува од омилената фотелја – пишува тој.
Неверојатно чувство за гравитација
– Сè боли. Сите зглобови и мускули протестираат дека сум во гравитационото поле на Земјата. Ми се врти, иако не можам да повртам. Се соблекувам и се качувам во кревет. Уживам во чувството да ме покрива ќебе – пишува тој во својата книга.
Кели вели дека бил свесен за ризиците што ги преземал од почетокот на мисијата. Сега мора скапо да плати што ја напуштил Земјата.