Жителите на Велигденските острови, кои отсечени од светот повеќе од година и пол поради пандемијата на коронавирусот, на референдум гласаа против повторното отворање на границите за туристите, пишува ТРТ.
Имало 649 гласови против отворањето на островот, а за биле 320, објави на социјалните мрежи локалната заедница Мау Хенуа, која раководи со националниот парк Рапа Нуи.
На гласањето учествувале 972 лица – помалку од 20% од населението излегло на гласањето. Резултатот од гласањето не е обврзувачки и конечната одлука ќе ја донесат чилеанските здравствени власти.
Островјаните немаат видено туристи од март 2020 година и од воведувањето на вонредната состојба и здравствените ограничувања.
Велигденските острови досега забележале само осум позитивни случаи на Ковид-19 и ниту еден нов случај од месец септември 2020 година досега, а во текот на пандемијата немало ниту смртни случаи, стои во официјалните податоци.
Околу 73 отсто од жителите на Велигденските острови се вакцинирани против Ковид-19.
Easter Island's indigenous Rapa Nui people vote on whether to keep visitors off the island, after having been closed to the outside world for more than a year and a half pic.twitter.com/dUq58pl6f5
— TRT World Now (@TRTWorldNow) October 25, 2021