Актерот Сенад Башиќ, ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“, проговорил за својата борба со болеста и закрепнувањето.
Имено, актерот од Босна и Херцеговина веќе извесно време имал здравствени проблеми и еднаш месечно оди на терапија на Клиниката за хематологија.
„Имав проблеми, имав операции, сега се враќам. Сè се одвива малку поспоро, сепак сум постар, но оди … Добро е, засега сум задоволен“, изјавил актерот за „Аваз“.
Болеста што ја имал влијаела и на неговиот глас, кој е многу важен во неговата професија, но сега и тоа се стабилизирало, открил актерот кој на 26 август ќе наполни 61 година.