ЕДНАТА ПОСКАПА ОД ДРУГАТА: Хајди Клум ги ги осигурала нозете на 2 милиони долари (ФОТО)

by Тони Зографски

Германската манекенка Хајди Клум во текот на гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис објасни дека едната нога ѝ е осигурена на повисока сума од другата.

48-годишната манекенка во сегментот наречен „Хајди Бланкинг Клум“ ѝ кажа на Елен дека клиент ѝ направил полиса за осигурување од 2 милиона долари на нејзините нозе, а дека едната чини повеќе.

Германскиот супермодел рече дека едната нога ѝ е поскапа од другата додавајќи дека „чудни се работите што некои луѓе ги прават“.

Судијката на „Америка има талент“ алудира на претходна несреќа, во која ѝ била повредена едната нога.

„Кога бев млада, паднав на стакло и имам голема лузна“, рече Клум, која во емисијата носи розово здолниште и изгледа прекрасно како и секогаш.

„Ставив толку многу спреј-тен што не можете да ја видите во моментот“, се пошегува таа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com