Премиерот на Албанија, Еди Рама доживеал сообраќајна несреќа во местото Гоша, јавуваат албанските медиуми.
Имено, Рама патувал кон Берат, а на едно од возилата кои биле дел од неговата придружба му бил пресечен патот од друг автомобил. Во сударот владиното возило било оштетено, но никој не бил повреден.
Инаку, кон крајот на ноевмри 2017 год, исто така два автомобила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама учествуваа во сообраќајка на патот кон Корча.