Албанскиот премиер Еди Рама вчера попладне прошетал на неколку улици и пазари во Тирана да ја провери ситуацијата и да ги советува граѓаните да не излегуваат од дома порачувајки им да останат дома за побргу да се справат со опасниот Коронавирус.
Тој на Фејсбук напиша дека пензионерите се голем проблем, а од објавените фотографии се гледа како на дел од нив им се обраќа и им објаснува.
„Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде состојбата беше многу позитивна. Проблем се пензионерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение“,напиша Рама.
Инаку, Рама на фотографиите е без маска и ракавици, па на фановите на социјалните мрежи им порача да не го прашуваат зошто не носи бидејќи маска и ракавици не се за пешаците туку за болните и за оние кои се грижат за заболените лица. Останатите, рече Рама, доволно е да ги почитуваат препораките односно да држат растојание од најмалку еден метар, да не се ракуваат и да киваат и кашлаат според препораките.