Џулијан за влакно ја избегнала смртта со чиста среќа, а благодарение на времето што го поминала со нејзиниот татко во џунглата, успеала да си го спаси животот.
Џулијана Кепке е родена во 1954. година. Таа до својата 17-та година живеела сосема нормален живот, а потоа во нејзиниот живот се случило нешто неочекувано што ќе ја потресе и ќе ја промени од корен.
Во далечната 1971. година, на 24. декември, Џулијан тргнала со својата мајка да го посети татко ѝ во Пукалп за Божиќ. Доцнеле со резервацијата, не можеле да го изберат местото, резервацијата автоматски се одредуваше за некои од малкуте преостанати места.
Авионот конечно полетал по задоцнување од 7. часа. Летал на височина од 6.400 метри кога упаднал во бура и доживеал сериозни турбуленции. Громот конечно го погоди авионот, кој набрзо се урнал. Во авионот имало 92. патници кои исчезнале во џунглите на Амазон на територијата на Перу. После 10. дена интензивна потрага, конечно била запрена со заклучок дека нема преживеани. Барем така се мислело тогаш… На дванаесеттиот ден, Џулијан била пронајдена.
Таа потоа го опишала целиот настан во една од нејзините многубројни презентации. Таа ги навела и ги раскажала сите детали од оваа страшна несреќа.
– Турбуленциите беа толку силни што буквално си поигруваа со авионот, седиштата и багажот кој испадна од шкафчето. Тоа беа подароци, цвеќиња, божиќни колачи, се’ беше расфрлено низ кабината – опишала таа.
Џулијан гледала како молњите блескаат низ авионот и додека се држела за рака со мајка си и другите патници почнала да плаче и да вреска. Авионот почнал да паѓа, а бучавата од моторот и ја наполнила главата.
– Одеднаш бучавата престана и излегов од авионот. Слободно паѓав 3,2 км и понатаму врзана за седиштето. Шумолењето на воздухот беше единствениот звук што можев да го слушнам.
Додека чувствувала како паѓа низ дрвјата, ја изгубила свеста и следниот ден се разбудила сама во џунглата. Ја побарала мајка си, но никој не ѝ одговорил. На местото на несреќата пронашла кесичка со слатки кои и биле единствената храна.
– Ја скршив клучната коска и имав длабоки расекотини на нозете, но повредите не ми беа сериозни. Подоцна сфатив дека имам скинати лигаменти, но можев да одам.
На четвртиот ден го слушнав звукот на слетувањето на кралскиот мршојадец. Се исплашив бидејќи знаев дека овие птици слетуваат само кога има многу свежо месо за јадење. Сигурно ги почувствувале телата на жртвите од несреќата. Кога влегов во реката, најдов и три фотелји со тела на жртвите. Ударот бил толку силен што главите на овие луѓе удриле на земја. Паниката ме парализираше. Мислев дека едно од овие лица можеби е мојата мајка. Допрев едно тело со мојот стап. На оваа личност ноктите и беа средени. Се смирив затоа што мајка ми никогаш не ги лакираше ноктите. Веднаш ми олесна, но потоа се засрамив од помислата.
Благодарение на интересот на нејзините родители кои биле зоолози, таа била добро едуцирана за тоа што и е потребно за да преживее.
Таа била сама, но со години живеела со родителите во џунглата, па знаела што да прави. Првата одлука била да се бара реката. Од нејзиниот татко знаела дека во критичните моменти во џунглата е најбезбедно во реката.
Знаела дека кога ќе ја види реката, ќе има луѓе во близина. И покрај ужасните болки што ги трпела, таа собрала сили и без двоумење барала вода. Кога ја видела птицата, знаела дека среќата конечно и се насмевнала.
Таа многу добро знаела за која птица станува збор, бидејќи нејзината мајка, која била биолог, често зборувала за неа. Карактеристично за овој вид е тоа што ги населуваат реките, а токму тоа го барала Џулијан.
Ја видела реката, а потоа ги слушнала гласовите на луѓето. Таа повикала помош и набрзо пристигнала. Шумарите и пружиле прва помош, а потоа ја однеле во болница каде се сретнала со татко и.
Потоа дознала дека мајка и е мртва, како и останатите патници.
Храбрата Џулијан издржала единаесетдневна прошетка низ амазонската џунгла, покрај сите смртоносни животни кои се наоѓаа во неа, таа била исцрпена и гладна, но успеала да најде излез.
По примерот на родителите се запишала и завршила биологија. Во 2011. година таа објавила автобиографска книга за овој настан. Сè уште е жива, има 65. години и за оваа нејзина приказна се снимени неколку филмови.
Овој настан се смета за еден од најневеројатните преживувања во историјата на човештвото.