ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Уапсени се четворица напаѓачи во инцидентот кај велешко

by Тони Зографски

Пет повредени полицајци од кои двајца потешко е билансот по инцидентот откако биле нападнати од агресивни дрвокрадци близу селото Степанци, помеѓу Прилеп и Велес.

Еден од потешко повредените синоќа бил пренесен од болницата во Велес на скопските клиники и тој според информациите до доцна во ноќта се бореше за својот живот.

Според неофицијалните информации полицаецот има 48 години, додека неговиот три години постар колега кој е се потешки повреди на стомакот останал во болницата во Велес.

Инаку, инцидентот се случил вчера околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва. Полицајците се од полициската станица Чашка.

останати вести