Листата на симптоми на Ковид-19 е долга, но многу од случаите се асимптоматски преносители, што значи дека имаат Ковид, но не покажуваат никакви симптоми. Како значи дали сте имале Ковид-19?
Наједноставниот начин е да се тестирате за да проверите дали имате антитела на коронавирус. Доколку тие се присутни во вашето тело тогаш значи дека сте прележале коронавирус.
Д-р Вилијам Хилман одговорил на некои од клучните прашања поврзани со клучни прашања за Ковид.
„Коронавирусот има прилично широк спектар на симптоми“.
„Некои од асимптоматските носачи не се ниту свесни дека имаат Ковид, некои луѓе имаат благи симптоми слични на настинка, а некои од луѓето имаат слични симптоми на грип, како грозница, болки во мускулите, отежнато дишење и кашлица. Губењето на сетилото за мирис и вкус исто така се симптоми за Ковид. Некои луѓе кои што ќе се разболат од коронавирусот и состојбата е сериозна треба да се хоспитализираат“, објаснува докторот.
Поради тоа што тешко е да знаете дали некој човек бил позитивен на коронавирусот, за оние кои што немале никакви симптоми, сите треба да се однесуваат одговорно.
„Продолжете да правите тоа што сте го правеле досега – физичка дистанца, носење маски, миење на рацете“, вели д-р Хилман.