Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил (41), го дочека своето прво дете со девојката Натали Вискузо.
Извор близок до семејството ја потврди среќната вест за магазинот People, но не откриле дополнителни детали како што се името, полот или точниот датум на раѓање на бебето.
Исто така, Дејли Мејл неодамна објави фотографии од парот како турка количка и ужива во прошетка, а направени се во Австралија, каде Кавил се подготвува да го снима новиот филм Voltron, адаптација во живо на популарната анимирана серија од 80-тите.
За потсетување, 41-годишната ѕвезда на Супермен и The Witcher ја потврди на Access Hollywood на премиерата на The Ministry of Ungentlemanly Warfare во април среќната вест дека ќе стане татко.
“Навистина сум возбуден поради тоа. Натали и јас сме навистина, навистина возбудени”, рекол актерот. Кавил и неговата 34-годишна девојка се заедно речиси три години, а својата врска ја открија во 2021 година кога споделија видео на Инстаграм како играат шах.
Двојката го направи своето деби на црвениот тепих на премиерата на Енола Холмс 2 во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија, а исто така накратко доживеа како е да се биде пред камера, откако се појави во хитот на MTV My Sweet 16 како тинејџерка.