Еден ипол милион евра е финансиската штета предизвикана врз шумскиот фонд уништен во пожарот кај езерото Младост.
Од велешкото шумско стопанство „Бабуна“ велат дека од направените анализи е утврдено дека опожарената борова шума е целосно неупотреблива. Високите пламени јазици кои 10 часа беснееја предизвикале огромна штета врз дрвната маса, пренесе Сител.
Инаку, петмина велешани се осомничени за предизвикување на пожарот кој уништи шума стара половина век, опустоши територија од 500 хектари, а настрадаа и една викенд куќа како и свињарска фарма. Управител на фирма и четворица работници ќе одговараат за предизвикување општа опасност при изведување градежни работи на објект покрај автопатот Скопје – Велес.