Светската музичка ѕвезда Селин Дион ја продаде куќата во Лас Вегас, вредна 30 милиони долари, во која помина повеќе од петнаесет години.
Пејачката тоа го направила со намера да се врати во Канада и да биде блиска со семејството кое ќе и биде од голема помош со оглед на тоа што едвај се движи поради болеста СПС.
– Искрено, таа едвај се движи, а во Канада има единаесет браќа и сестри кои ја сакаат и ја поддржуваат, особено сега, кога има криза – открил извор близок на пејачката за американските медиуми.