Една од најпознатите американски политичарки, поранешен претседателски кандидат и прва дама на САД, Хилари Клинтон (72) во моментов минува низ тежок период.
Имено, како што пренесува Стори.хр, сериозен проблем и предизвикуваат килограмите.
„Хилари се здебели 44 килограми и се бори со дишењето, а има потешкотии и со движењето. Откако се повлече од јавноста, таа премногу се опушти и сега едвај дише и се движи. Токму килограмите би можеле да бидат кобни за нејзиното здравје“, изјавил извор близок до Хилари.
Упатените во состојбата на Хилари, велат дека поранешната прва дама јаде премногу поради стресот на кој е изложена. Многумина се сомневаат дека таа пати од дегенеративна сотојба на коските, остеоартритис.
Инаку, минатата година Хилари Клинтон беше во центарот на внимание, поради нејзините наводни естетски операции.