Сите се шокираат кога ќе слушнат дека зад овој изглед се крие некогашен маж. Родриго Алвес има една задача во животот: да шокира што повеќе луѓе и за сега, одлично му оди.
Имено, овој маж прво направил низа пластични операции за да се претвори од класичен Бразилец во бел, рус младич по име Кен!
Изгледот на кукла го постигнал со низа критични операции, за потоа да одлучи дека, сепак, сака да стане жена.
Од Кен станал Барби, и тоа со операции за коишто ја потрошил сета своја заштеда, односно повеќе од илјадници и илјадници долари. Според медиумите, досега имал повеќе од 100 операции за да изгледа вака.
Сега папараците ја фотографиралеЏесика Алвес тип-топ средена, но очигледно е дека кожата ѝ е затегната до пукање, па јасно е предупредувањето од докторите дека оваа жена не смее веќе да направи ниту една единствена операција.
Се шушка дека во Бразил се обидела да направи трансплантација на матка, со што би била првата транс-жена која го постигнала тоа.
Нејзиното семејство жестоко се противи на тоа и се обидува да ја опамети, но Џесика не се откажува иако неодамна имала проблем со гангреном на одредени делови од телото по интервенциите.
„Кожата ѝ мувлосува на неколку места и ѝ се распаѓа по операциите“, изјавил еден пријател кој бил со неа во Азербејџан, каде што направила уште едно затегнување на лицето и липосукција.