Европскиот шампион во бокс пукал во луѓе во центарот на Москва! (ВИДЕО 18+)

by Тони Зографски

Најмалку четири лица се повредени во пукање во близина на ресторанот Пауланер Браухаус во центарот на Москва.

Во „главна улога“ во овој вооружен инцидент е поранешниот европски шампион во бокс Никита Иванов, кој одамна и е познат на полицијата по слични инциденти.

Мажот кој пукал од пиштол во близина на ресторан во центарот на Москва е приведен, изјави за ТАСС портпаролот на московското обвинителство, а како тоа изгледало погледнете на вознемирувачкото видео.

Пред да дознаат дека има мажот има пиштол, присутните граѓани гледале што се случува пред ресторанот, но кога го екс боксерот го извадил оружјето по неколкуминутна тепачка гужвата пред ресторанот веднаш се расчистила, а гостите кои вечерале во ресторанот се сокриле под масите.

Според официјалниот претставник на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк, дошло до семеен конфликт меѓу граѓани кој прераснал во тепачка, а потоа и во престрелка.

Никита Иванов инаку неколку пати освојувал медали на Руското првенство во бокс. Во 2011 година стигнал до сребрен медал на Европското првенство во Турција, а во 2013 година ја освои титулата европски првак на шампионатот во Минск.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com