Eден од најпознатите американски парапсихолози и видовити луѓе, Едгар Кејс речиси сè што предвиде – погоди. Сликите за иднината му се појавуваа во сон, поради што пред многу години беше наречен „заспан пророк“. Во својот сон ги виде и Светските војни, распадот на СССР, како и зајакнувањето на Индија и Кина.
Тој предвидел многу технолошки иновации, како и испраќањето сонда на Марс. Никому не му се допадна она што го рече пред да умре, и тоа нема никаква врска со епидемијата на коронавирус. Кејс на сон видел промена на географските карти на Америка, Азија и Европа. Со други зборови, природните катастрофи ќе уништат некои градови и земји.
„Европа нема да личи на самата себе. Земјите околу морето и океанот, половина од копното ќе исчезнат“.
“Нема да верувате што се случува пред вашите очи “, рече Кејс, а потоа како жител на САД се сврте кон Америка и рече нешто што денес го цитираат сите. Доналд Трамп, наводно, ќе биде последниот претседател на САД,. Последниот претседател на Соединетите држави ќе биде 44-ти по ред.
После тоа, сè ќе се промени во земјата, а поради торнада, невреме и земјотреси, некои територии ќе исчезнат “ .Официјален 44-ти претседател е Барак Обама, но во американската историја имало преседан дека едно лице е наведено како 22-ри и 24-ти претседател – Гровер Кливленд.
Со едноставна пресметка, ако се додадат сите претседатели, Доналд Трамп би бил последниот. Тој никогаш не зборуваше детално за корона вирусот, но само пред триесетина години изјави дека видел некаква „чума“ во 21 век што би го осакатила човештвото, па затоа денес тврдат дека мислел на КОВИД-19.