Британскииот водител Пирс Морган ја нарече Евровизија „наместена фарса“, по победата на Украина. Пирс го критикуваше натпреварот, велејќи дека е „политички мотивиран“ и рече дека Украинците можеа да испратат кучиња трагачи за пронаоѓање бомби за да ја залајат националната химна и тие повторно ќе победеа, пренесе британски „Експрес“.
На Твитер, пред осум милиони следбеници, тој го нарече музичкиот настан „наместена фарса“.
Тој додаде дека се радува за Украина, но нагласи и дека Евровизија треба да престане да се нарекува натпревар, бидејќи, повтори, тоа е фарса.
Морган, важи за водител кој нема влакна на јазикот. Последниот пат за своите ставови мораше да даде и отказ од водителската улога во најгледаната утринска програма во Британија „Добро утро Британија“ откако јавно ги критикуваше принцот Хари и Меган Маркл за нивното интервју кај Опра.