Американските здравствени власти долго време ги советуваа луѓето да носат трислојна маска од платно, хируршка маска или маска N95 за да се заштитат од ковид-19.
Но, некои, вклучително и многумина на неодамнешната инаугурација, носеа по две маски за да создадат дополнителна заштитна бариера.
Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи ја поддржува оваа идеја за носење две маски истовремено. Тој смета дека е добра идеја, особено сега кога се појавија нови варијанти на коронавирусот, кои за првпат беа откриени во Велика Британија и Јужна Африка.
„Ако имате само еднослојна маска, ставете уште еден слој, тоа би можело да биде поефикасно“, рекол Фаучи.
Со трислојна маска, секој слој има своја намена: надворешниот слој штити од капки, средниот слој се филтрира, а внатрешниот слој апсорбира течности како плунка и пот.
Друг начин да се користи двоен слој може да биде употреба на платно двослојна маска со штит за лице, иако постојат некои докази кои сугерираат дека маската е поефикасна од штитот.