ТВ водителка и презентерка Билјана Дебарлиева преку социјалните мрежи неодамна ја извести јавноста и следбениците дека по 11 години работа во Канал 5 телевизија повеќе нема да се појавува пред камери на таа фреквенција.
Бидејќ тогаш не најави дали е крај на ангажманите како медиумски работник, остана дилема дали Билјана повторно ќе се појавува пред камери. Сепак, не помина многу време за нејзината убавина и професионалност повторно да зрачат од ТВ екраните, само на друга фесквенција.
Имено, Дебарлиева продолжи да ги води емисиите за здравство, односно „Визита“, ја замени со „Фактор здравје“ на телевизија 24 и дојде на местото на колегата Илија Николовски.