Студиите спроведени на 23 илјади Германци од 17 до 85 години, откриле во кои години од животот луѓето се најсреќни.
Некои од резултатите дадоа интересни резултати, можеби неочекувани за повеќето од испитаниците и останатите лица.
„Студиите покажаа дека врвот на среќата луѓето го имаат на 24 и 69 години од својот живот. Се чини дека се забавуваат во раните 20-ти години, кога почнуваат да размислуваат за кариера, а потоа веќе размислуваат и за посериозни работи. Тоа е во иста мера со одење во пензија, кога после долги години работа ќе добиете време за одмор“, се вели од студиите.