Никол Кидман и Том Круз беа еден од најпопуларните парови во деведесеттите. Тие се венчале во 1990 година, а нивната романса траела до 2001 година, кога ставиле крај на бракот.
Парот заедно посвоиле две деца, Бела во 1992 година и Конор, неколку месеци откако се родил во 1995 година. Том ја има ќерката Сури Круз од бракот со Кејти Холмс. Во бракот со Кит Урбан, Никол добила две ќерки, Сандеј Роуз Кидман Урбан (14) и Фејт Маргарет Кидман Урбан (12).
Далеку од медиумите
За животот на Бела не се знае премногу, таа не сака да се експонира во јавноста, а од 2015 година е среќно мажена со Макс Паркер и живее во Лондон.
Бела е фантастичен уметник и дизајнер, а таа најмногу ги користи социјалните мрежи како би ги прикажала своите уметнички дела. Ретко споделува фотографии од себеси, а кога го прави тоа секогаш привлекуваат внимание, што е случај и со оваа објава.
Да потсетиме, по разделувањето на популарниот актерски пар, Бела и нејзиниот посвоен брат, Конор, одлучиле да живеат со Том, што целосно го скршило срцето на Никол, но децата секако сега биле во добри односи и со двата родители.
Нарушени односи
Тие двајца со Никол со години имале заладени односи, а како што открила актерката, таа се надева дека нејзините деца ќе бидат присутни кога ќе ѝ биде врачена наградата за животно дело на церемонијата на Американскиот филмски институт (АФИ), наречена Американска највисока чест за филмска кариера.
Никол ќе биде првата австралиска актерка што ќе го добие ова признание. „Никол знае дека Конор е исклучително поврзан со татко му, па не очекува тој да дојде, но им испратила покани и на двајцата. Никол се обидува да ги ограничи своите очекувања, но очајнички се надева дека Бела ќе присуствува“, изјавил извор за „New Idea“.