Професорката Мирјана Најчевска за изјавите на Макрон и зошто не можеме да влеземе во ЕУ.
„ Со мафија во власта не може да се влезе во ЕУ.
Без јавно обвинителство не може да се влезе во ЕУ.
Без судство не може да се влезе во ЕУ.
Со партизација на јавната и државната администрација не може да се влезе во ЕУ.
Со корупција на највисоко државно ниво и потполна неодговорност на функционерите не може да се влезе во ЕУ.
Со Османи, Груби, Ковачевски и останатите членови на корумпираната група, не може да се влезе во ЕУ.
Со Собрание составено од лигуши не може да се влезе во ЕУ.
Токму тоа ни го порача Макрон.
Немој да не мафтате со внесот на Бугарите во Уставот.
Ајде решете ги сите горни прашања па да зборуваме за граѓаните кои себе се перципираат како Бугари и нивниот тежок живот и мачно преживување во Македонија“, напиша таа на Фејсбук.