Француската Академија за филмска уметност во Париз го одржа 47-то доделување на наградите Цезар, но добитниците останаа во втор план поради скандалот кој го предизвика тамошната комичарка и Јутјуберка позната како Мари.
Сакајќи да биде забележана, Мари излегла на сцената, го свртела грбот кон публиката и го подигнала фустанот, покажувајќи му го задникот на жирито.
Потоа застанала зад микрофонот и рекла: „Еве го мојот задник, данок на културата, непоразени гледачи, вие кои преживеавте, ви го покажувам мојот задник“.
Французите на социјалните мрежи го опишуваат ваквиот момент како „најсрамното нешто што се случило во историјата на наградата Цезар“.
Мари веднаш по бројните критики се огласила на Инстаграм, пишувајќи дека е горда што е „катарза на францускиот срам“.
Горда сум што не ги задоволувам нормите на оние во смокинзите и фустаните со светки, со толку смешна професија, а толку сериозен имиџ. Непријатност, срам, овие културни инструменти се измислени за да бидеме подложени на кодексите и трендовите кои диктираат што е прифатливо, а што не. Да ризикувам, да се доведам во опасност, да се осудам да бидам смешна пред Академијата, кога и самата сум актерка. Како се осмелив да ги вознемирам, да ги посрамотам сите овие личности на кои им се воодушевувам, од чиј суд се срамам. Немам што да кажам, секогаш слобода, без оглед на цената“, напишала таа.