На социјалните мрежи се прошири видео од центарот на Белград на кое се гледа како две баби танцуваат додека свири уличен музичар.
„Белград е чудо“, се вели во видеото на кое се гледа како уличен музичар свири, а бабите весело танцуваат.
Многумина беа разнежнети од фактот што едната баба е во инвалидска количка, додека другата ја вози околу свирачот и танцува. Потоа свирачот застанал пред жената во инвалидска количка и свирел само за неа.
Госпоѓата што ја турка количката има рака во гипс, што ја прави целата сцена уште поемотивна.
„Еве, ако сакате да се смеете и да плачете во исто време“, гласеше натписот на видеото откако беше споделено на Твитер.
Evo ako želite da se smešite i plačete u isto vreme ❤️ pic.twitter.com/OTAgRzrBG4
— Mishomorka (@Mishomor) October 9, 2022