Ева Лонгорија максимално го искористи летото за уживање на плажа со синот Сантијаго.
49-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ сподели фотографии од последните летни денови во кои може да ужива во убавините на Марбеља, Шпанија. На нив, таа позира со 6-годишниот син и со внукот.
Ева носеше бели бикини со портокалови цветови. Славната актерка ја одржува својата фигура со напорни тренинзи кои ги покажува и на социјалните мрежи.