Ева Лонгорија меѓу првите пристигна на филмскиот фестивал во Кан, а нејзината дневна модна комбинација за прошетката по тој прекрасен, француски град оставила голем впечаток.
Славната актерка веднаш по слетувањето на аеродромот во Ница, привлекла внимание кај новинарите и фотографите, а нејзиниот изглед е нешто што е целосно доволно опуштено за прошетка, а сепак да бидете стилизирани.
Ева облекла лежерни летни панталони во светла нијанса на боја, а целиот стајлинг бил во такви бои, освен бордо чантата која се издвојувала од цела модна комбинација.
Белата кошула и „оверсајз“ сакото совршено се вклопиле со панталоните и прекрасно ѝ прилегале на актерката.
Бордо чантата е од брендот „Hermes“, како и големите очила за сонце, а и двете модни парчиња се совршен погодок за пролетна модна комбинација сезонава.
Останува да видиме што Ева Лонгорија подготвила за црвениот тепих, а не се сомневаме во оригиналноста и совршената креација во која би се појавила оваа латино убавица.