Ева Лонгорија „го запали“ Њујорк со чудното деколте на црвениот тепих (ФОТО)

by Тони Зографски

Ева Лонгорија беше најголемата ѕвезда на гала-настанот на Фондацијата „Маестро Керс“, одржан на Менхетен, во организација на пејачот Марк Ентони.

Тоа беше и идеална можност за премиера на новата фризура, со која прекрасната актерка неодамна се пофали на Инстаграм – подолг брановиден боб совршено ги нагласува цртите на лицето и ги следи актуелните трендови за сезоната 2025/26, а воедно е многу дискретен и елегантен.

Лонгрија докажа дека не погрешила со оваа фризура пред неколку вечери, кога буквално блесна додека позираше со пријателите пред познатиот ресторан „Циприани“ во Њујорк, кој ја организираше 12-тата добротворна вечер „Маестро Керс“, насловена како „Менување животи, градење соништа“. Новата коса совршено се вклопуваше со беспрекорниот стил.

За церемонијата, таа избра долга, елегантна црвена креација од брендот „Рејчел Гилберт“. Моделот „Теса“ со отворени рамена ја истакна силуетата, бидејќи е вешто дизајниран да ја дефинира фигурата.

Горниот дел е особено интересен, корсет што се извиткува во средината на градите во форма на асиметрична буква U, додека светкавите детали на рабовите ѝ даваат на приказната ненаметлива доза на гламур. Според веб-страницата на брендот, фустанот, достапен и во црна боја, чини 1.895 долари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com