Ева Лонгорија никогаш не изгледала подобро, а црвениот фустан изгледа како да е создаден токму за неа.
Актерката Ева Лонгорија се појави во емисијата „Today Show“ по повод промоцијата на нејзината нова серија „Land of Women“ во едно од најпровокативните изданија досега! Имено, таа за оваа прилика избрала црвен фустан со интересен крој кој ја следел линијата на нејзиното тело, а до израз дошле нејзините извајани нозе.
Ева блескала додека позирала пред присутните фоторепортери, не ја симнувала насмевката од лицето, а целиот стил го заокружила со едноставен накит. Можеле да се слушнат коментари дека актерката дефинитивно ја довела линијата до совршенство, и дека изгледа подобро отколку кога беше девојка.
Сепак, малкумина знаат дека Ева по бременоста успеа да ослабе 20 килограми! Како што еднаш објасни, таа успеала во тоа благодарение на неколку здрави навики.
Менито на Ева се променило така што почнала да јаде повеќе зеленчук, особено спанаќ! Покрај тоа, актерката секојдневно консумирала брокула и прокељ, а целосно го исфрлила шеќерот. Она што е интересно е што актерката си дозволувала еден ден во неделата за двете омилени задоволства: пица и чипс.
Сепак, слатките не ѝ претставувале проблем бидејќи таа воопшто не ги сака.
Денот најчесто го започнува со кајгана и свежо овошје. За ручек обично јаде месо и зеленчук варен на пареа. За вечера сака риба и зеленчук, а како ужина јаде свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.
Покрај тоа, одличниот изглед го одржува со вежбање, а една од омилените активности ѝ е скокањето на трамбулина! Покрај тоа, обожува пилатес и сака да вози велосипед.