Противниците на Владимир Путин и руската инвазија покренале петиција со која бараат Швајцарија да ја протера Алина Кабаева, наводната љубовница на претседателот на Русија, јавуваат странските медиуми.
Алина наводно се крие со своите деца во луксузна вила во Швајцарија. Гневните Украинци, Белоруси и Руси испратиле порака до швајцарските власти барајќи Алина да биде протерана од нивната земја.
„Зошто криете помошници на режимот на Путин? е името на петицијата.
„Ние, граѓаните на Русија, Белорусија и Украина, кои моментално страдаат енормно, се обединуваме во обраќањето до швајцарските власти. Јавноста дозна дека Алина Кабаева побегнала од санкциите во вашата земја. Таа е љубовница на диктаторот и воен злосторник кој ја нападна Украина“, стои во петицијата потпишана од повеќе од 55.000 луѓе досега.
„Алина не е само жена чие име е извалкано поради нејзината поврзаност со рускиот диктатор, таа е и една од иницијаторите на рускиот ‘негативец закон’, кој спречи илјадници руски сирачиња да бидат посвоени во странство. Сега и дозволувате неа и на нејзините деца да се сокријат во вашата земја“, се додава во петицијата.
Додаваат дека ќе се погрижат се да се дознае доколку Швајцарија и дозволи на Алина да го добие нивното државјанство и покрај се што се случува.
„Време е Ева Браун да се врати кај својот лидер“, заклучуваат тие.
Нема потврдени докази дека Алина е во Швајцарија. Изворот кој ја започнал оваа приказна претходно овој месец, останал анонимен.
Инаку, Алина се поврзува со Путин од 2008. година. Таа би можела да биде сопруга и девојка и поранешна сопруга на рускиот претседател. Никој нема поим за тоа. Уште кога ја поврзуваа со Путин, Алина ја нарекуваат првата љубовница на Русија.