Детскиот кардиохирург, доктор Владимир Чадиковски реагираше на вчерашните протести против ковид-мерките на Владата на кои дел од протестантите ги нарекоа докторите „убијци“.
Во својата овјава на Твитер, Чадиковски истакна дека разбира и поддржува став и мислења, но дека ова е срамота.
„Зошто протести пред Влада и пред Собрание, посоодветно е пред болниците со болни од ковид, може ќе ги убедите дека не се болни“, напиша д-р. Чадиковски на Твитер изразувајќи поддршка за своите колеги лекари во борба протув вирусот кој ни го промени животот.