Доктор Катерина Спасовска од Клиника за инфектологија во емисијата 24 „Анализа“ рече дека на клиниката се примаат потешките форми и вели дека се работи за мултисистемско заболување кое потоа го напаѓа целиот организам.
– И најмалите ткива особено вталните органи остануваат без кислород и настанува нивно оштетување. Предикција нај кој пациент ситуацијата ќе се влоши особено со овој сој не може да се направи. И со уредни наоди се случува да настапи влошување на состојбата на пациентот и тоа да заврши со смртен исход. Нема параметри по кои ќе заклучиме дали состојбата кај некој ќе се влоши. Голем дел од луѓето не знаат дека имаат коморбитети. – вели доктор Спасовска.