Професорот на Медицинскиот факултет во Белград, Душан Попадиќ, изјави дека вакцината ќе ни ги тргне маските кога ќе се вакцинира доволен број луѓе, односно кога има висок процент на граѓани кои не се чувствителни на вирусот.
Попадиќ за РТС изјави дека потребни се бројки од 60, 70 и 80 проценти кога станува збор за колективниот имунитет.
Сепак, како што рече, кога студирал епидемиологија, тогаш важело дека само 95% од нечувствителните може да се прогласат за успешна имунизација, пренесува Танјуг.
Говорејќи за скептицизмот кон вакцините, Попадиќ рече дека не знае од каде доаѓаат и дека се шират разни информации, претежно на социјалните мрежи.Тој посочи дека е создаден непотребен шум и дека имунизацијата против корона е иста како и имунизацијата против која било друга болест.
– Разликата е во тоа што секој треба да биде посвесен дека е уште поважно да се имунизира, бидејќи имаме епидемија – потенцира Попадиќ.
На прашањето кои се придобивките од вакцините, тој изјави дека нема да се разболиме, дека ќе можеме да се вратиме на други активности, работни места и рутини, да патуваме, дека нема да се плашиме дека ќе се разболиме или дека некој наш ќе умре од ковид-19.
Професорот нагласува дека сите овие придобивки го надминуваат потенцијалниот страв од несакани ефекти на вакцината.
Тој додаде дека многу мал број луѓе имаат несакани ефекти и дека со огромен процент овие ефекти траат еден ден или половина ден, исто како и со другите вакцини.
Тој повтори дека е важно да се вакцинираме и посочи дека кога ќе се имунизираме, сè уште не сме имуни, но потребно е некое време за да се развие имунолошкиот одговор до тој степен што нè штити.
Сите досегашни мерења покажаа дека за ова е потребен период од шест недели, односно три недели по втората доза на вакцината.