Оправдана е одлуката, трета доза вакцина да им се даде на граѓаните по три месеци од примањето на вакцина на „Синофарм“ и „Синовак“, вели имунологот Александар Петличковски за Канал 5.
-Сите вкацинирани со кинеските вакцини без разлика на која возраст се е да се вакцинираат по три изминати месеци по втроата доза, вели Петличковски.
За него кинеските вакцини се одлични и штитат од болест и смрт, но создаваат пониско ниво на имунитет по поминати три месеци од модерните вакцини. Како трета доза може само да се прими вакцината на Фајзер.
За граѓаните кои примиле две дози на кинеска вакцина, а потоа имале инфекција со ковид, не мора да брзаат за трета доза на вакцина.
За професорот Петличковски сепак важно е да се вакцинираат оние кои не се вакцинирани, бидејќи ризикот од болеста е многу поголем од прележувањето.