-Јас сум виновен, јас ја постирав, за белја мене ми го испрати, а јас на плажа со 5 деца, досадно, па го шернав – коментира доктор Никола Пановски откако неговиот колега д-р Мирослав Гроздановски, кој пред еден месец ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“, заработи отказ на три години до пензионирањето.
Пановски вели дека поради фактот што во ова време сите го читаат, фотографијата се проширила како кочанскиот пожар. Тој посочува дека после објавата биле променети многу табли во Здравствен дом, на пример веќе нема табли со Лабараторија и Генекологија кои со години стоеле и покрај грешките.
-Се разбира, неписмениот нарачател кој истовремено ја примил и одобрил таблата да се закачи со пет грешки на македонски јазик и три грешки на албански не е ниту опоменат. Срамота – коментира Пановски.