Епидемиологот д-р Никола Пановски, смета дека според бројот на хоспитализирани, а секако не се хоспитализираат луѓе без потреба во вакви пикови, можеше да се очекува драстичниот раст на број на починати од Ковид-19. Тој во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека процентот на смртност поради корона вирусот, кој воедно не се кажува јавно, изнесува околу 30 проценти до сега воопшто не се намалил, поради тоа што кај нас не се најде соодветен лек и пациентите се лекуваат на исти начин како и за време есенскиот пик.
„Според бројот на хоспитализирани можеше да се очекува бројот на починати, што според разни статистики е околу 20-30 отсто. И, не е тешко да се пресмета ако имате 1.700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500. Рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тој е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше есента и бројот на смртни случаи го прати бројот на новооткриените случаи и на хоспитализираните пациенти. Ако бројот во следните денови е 40, за жал може да оди и над 60“, вели Пановски.
„Луѓето меѓу 30-40 години најчесто се заразуваат и најмалку се штитат, не можат да се штитат или им е смачено, а некои одат по ресторани кафичи, значи свесно одат да се заразат. За жал, тоа е една себичност позната во Западна Европа која однесе милиони луѓе и млади, но на еден млад одат уште 50 стари на кои им го носат вирусот дома. Мислам дека постарите сите веруваат во вирусот и сите се заштитени, затоа има и кај младите доста случаи. Можеби е од самиот вирус, ќе треба да се види“, објаснува микробиологот д-р Пановски.