Докторот Никола Пановски смета дека не треба да се изнесуваат само лоши страни од ковид-19 туку и некои охрабрувачки зборови за да не се доведе со зголемена депреси.
„Делта сојот не замина. Се надевам дека овие 26 од вчера се делта сојот. Делта сојот доминира, а нашата смртност е недалеку од онаа во светот. Смртноста е помала во однос на заразеност. Ради правилно лекување смртноста се намалува. Колку што се заразуваат толку и оздравуваат. Заштитени се оние што прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза. Најбитно е колку од тие ревакцинирани и смртни случаи се од тие вакцинирани. Претседателот на светската здраствена организација не кажува ништо добро, ништо охрабрувачко, а тоа води во депресија“, изјави Никола Пановски во емисијата Студио 10 и додаде:
“Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помината, според податоците на ИЈЗ кои кажуваат дека 30 посто од тестираните досега се асимптоматски случаеви,замислете колку има луѓе кои што одат на работа не се тестираат и се позтивни.И ако го примениме правот на излоација тогаш треба да се затворат сите установи“.