Доктор Никола Пановски објави дека на социјалните мрежи му поскакувале смрт и оти знае дека не е омислен кај власта.
“На сите што ми посакаа смрт им посакувам долг живот и помалку злоба. Во време на Велигденските пости православните христијани треба да се воздржат од лоши мисли и злобни зборови. Власта на ме сака, вие исто така, значи на прав пат сум. Вистината боли, но таа е. На 2.000 лица во болница примени, бројките се тие, не е тешко два и два да се соберат, напиша на својот фејсбук профил професор доктор Никола Пановски.
ИНАКУ РАБОТАМ САМ, ВОЛОНТЕРСКИ И ХУМАНИТАРНО, ТАКА И ЌЕ ПРОДОЛЖАМ, ТАКА МИ ВЕЛИ СОВЕСТА. НЕ СУМ ТРГОВЕЦ, ПРОФЕСОР СУМ НА ФАКУЛТЕТ. СО ВЕЛЕДРОГЕРИЈАТА СО ИСТО ПРЕЗИМЕ ВРСКА НЕМАМ НИКАКВА. Прво ми е фамилијата, па струката, па се останато. Секогаш ќе ја зборувам вистината, според мојата чест и совест. На сите на кои им треба мојата помош, како и до сега, ќе продолжам да им помагам со добар збор, утеха, стручен совет. Да сте ми живи и здрави и никој да не ве присилува да се вакцинирате, тоа е ваш избор и ваше право. Мојот совет не е присила. НеFCC плашам никого дај боже да сум згрешил во проценката за очекуваните GB смртни случаи, ќе бидам најсреќен на светот“, напиша на својот Фејсбук профил доктор Пановски.
Тој вчера рече ќе има нов пик и оти околу 20 април ќе имаме над 60 починати дневно.