“Тие што имаат антитела, многу поретко имаат потешка клиничка слика. Голем дел од населението го прележале вирусот. Прележан човек многу ретко починува. Мојот податок е дека 15 луѓе починале од почетокот на пандемијата, а претходно го прележале вирусот. Бројот на вакцинираните не го кажуваат. Тоа не значи дека вакцините не штитат. Имаме сега една добра бројка од заштитени луѓе. Не е битен процентот, туку која категорија е заштитена. Сето тоа е оптимистички“, вели д-р Никола Пановски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.
Докторот е со став дека „сме го постигнале принудниот имунитет, пред се кај младите. Имаме некој колективен имунитет, кој мора да е комбинација од прележаност и вакцина, кој нема да значи дека ќе го нема вирусот. За Македонија подносливо е ова што е сега, да не е над 200 дневно и мал број на хоспитализирани. Да не е бројот на хоспитализирани и на починати на дневно ниво над 5“.