Миркобиологот, професор на Медицинскиот факултет, Никола Пановски е против одлуката на Владата за организирање на свадби во затворен простор до 250 луѓе, мерка која ќе биде дозволена од 1 јули.
Професорот Пановски за Фокус вели дека нема логика во сето ова, бидејќи и понатаму важи мерката носење маски во затворени простории, а на свадба во затворена просторија да не треба да се носи.
“Нелогично е што и понатаму ќе треба маска во затворен простор, ама на свадба нема да треба. Сметам дека немаше потреба да се донесува ваква одлука сега кога има пристојна алтернатива, а тоа е свадба на отворен простор. Сега за сега нема да влијае, но за некоја недела, ако навлезе индискиот сој, ќе бидат од ризик овие настани, па ќе треба да се откажуваат веќе закажаните свадби“, вели Пановски за „Фокус“.