Имунитетот стекнат од инфекција со „Ковид-19“ е многу посилен од оној на вакцинираните лица.Ова го изјави микробиологот Никола Пановски за ТВ21, кој како и многу други лекари се противи на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, дека вакцините создаваат поголема заштита отколку прележувањето на корона вирусот.
Министерот Филипче веќе неколку пати ја повторува истата изјава, дека само вакцината е спас и дека вакцинираните се по имуни од тие кои биле заразени.
-Не знам зошто министерот Филипче е упорен, зошто не не почитува нас најстарите професори, признаени овде и во светот, туку се повикува на некои анонимни експерти, кои што ние не ги знаеме. Нека најде еден доктор или професор кој ќе го каже спротивното од мене, рече Пановски.
Тој од Министерството за здравство ги побарал податоците за лицата кои се заразени по втор пат со Ковид-19, но вели дека не му ги доставиле, поради тоа што, како што вели, бројот е екстремно мал, а додаде дека не верува дека има повеќе од 200 лица кои се заразиле по втор пат во нашата земја.