Нема да има голема штета од воведувањето полициски час, бидејќи тоа нема да влијае на економијата, а се надевам дека ќе ја намали трансмисијата на вирусот, вели микробиологот проф. д-р Пановски за Локално.мк. Тој исто така вели дека коронавирусот на отворено се шири 20 пати потешко за разлика во затворените простории.
-На отворено вирусот се шири 20 пати потешко од внатре. Кој парадокс, моловите работат, угостителските објекти работат без маски, да затвориме паркови и Водно!!! Потоа дел од младите што имаат пари ќе отидат во кафуле, а дел на скришни места, ако веќе не им даваат на отворено, ќе се скријат во затворено, па таму 20 пати полесно ќе ја шират болеста. Значи, со мерката карантин 22 до 5, се решава овој проблем, никакво затворање на местата кои за мене лично значат живот и здравје. Повторно се враќаме на она: заради заштита не економијата се носат мерки кои не се приоритет, а тоа е носење маска на отворено надвор од урбани средини, па сега затворање на паркови!!! Прво затвори ги моловите и кафулињата, спречи каде што најмногу се шири болеста, па потоа решавај ги и местата кеде многу поретко се шири. Ако не можеш да го направиш тоа, не го прави и другото, не го иритирај народот, тој не е глуп, напротив. Јас за викенд би затворил се освен амбуланти и болници, а луѓето би ги пуштил слободно да се движат надвор на дистанца, – рече Пановски.
Интервјуто можете да го прочитате на Локално.мк