Mатичниот доктор Билјана Петковска Огњанова остро реагираше на коментарот од епидемиологот Драган Даниловски кој го нападна примарното здравство. Даниловски на коментар на социјалните мрежи напиша:
„Можно ли е по две години верглање со колегите Пановски, Беќаровски, да не разбраа матичните дека не смее антибиотик за вирус?
Аман од овие епидемиолози кои не прегледале ниту еден ковид позитивен пациент. Но, многу е лесно од фотелја да се мудрува. Кога е упатена јавна критика од колеги без да се дебатира во фелата, тоа навистина се доживува како професионален атак. На проф.Даниловски уште пред две години се обидов да му ја опишам сликата на терен, но по се изгледа не ја запомнил“, напиша Петковска Огњанова.