Докторот Нико Беќаровски на својот профил на социјалните мрежи изнесе план од 5 точки и ги праша лидерите на двете најголени партии, дали за нив е ова прифатливо:
„Отворено прашање до г-дин Христијан Мицковски и г-дин Димитар Ковачевски.
Дали како лидери на двете најголеми македонски партии за Вас е прифатлив следниот предлог во осум точки ????
1. Уставните измени се гласаат одма, НО СО УСЛОВНА КЛАУЗУЛА, за која ќе бидат афирмирани и ЕУ и САД.
2. Ако Македонија не го заврши својот интегративен процес во ЕУ заклучно со 31.12.2030 година по автоматизам се поништуваат овие уставни измени, но и тие врзани со промената на името донесени по Преспанскиот договор.
3. До крајот на преговорите со ЕУ, т.е до 31.12.2030 година се обврзувате по секои избори да формирате заедничка влада (зависно од бројот на добиени мандати) со единствена цел да се спроведат сите потребни реформи и успешно да се затворат сите поглавја од преговорите со заеднички сили.
4. Сите партии на останатите етникуми кои живеат во Македонија и ќе се согласат со овие принципи да бидат инкорпорирани во Владата (пропорционално на добиените мандати).
5. Претседателот на Македонија во следните два мандати да биде надпартиски кандидат, кој ќе ја прифати агендата за интеграција во ЕУ.
6. Во сите дипломатски мисии веднаш да бидат испратени професионални дипломати.
7. За секој назначен владин функционер, министер, градоначалник и пратеник во следните 7 години, да постои бланко потпишана оставка, која автоматски би се активирала во случај на основан сомнеж за било каква злоупотреба на функцијата.
8. Итна департизација на целиот јавен сектор и ветинг во правосудниот систем. Ако навистина сте патриоти и сте за Европска Македонија и ако верувате во нејзиниот европски пат, Вие сте на потег.
Ако повторно измислувате разни изговори од МЕНЕ, а верувам слично размислува и голем дел од македонските граѓани кои искрено си ја сакаат државата, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕ ГО БАРАЈТЕ НАШИОТ ГЛАС.“