Докторот и поранешен директор на Клиниката за Токсикологија, Нико Беќаровски направи рангирање на постоечките вакцини и објасни зошто.
“Можеби сум премногу старомоден и конвенционален, ниту сум експерт и специјалист за вакцини, но со моето скромно знаење од имунологија и имунизација со вакцини, стекнато во текот на мојата општа медицинска наобразба како доктор, ова е мојата ранг листа:
1. Вакцина од жив корона вирус, бидејќи нема аѓуванси (појачувачи на антигеното дејство) но засега се уште не постои. Кинезите се во напредна фаза.
2. SinoPharm кинеска вакцина од умртвен корона вирус со УВ зрачење и додаден аѓуванс
3. SinoVac кинеска вакцина од умртвен корона вирус со гама зрачење и додаден аѓуванс
4. EpiVac руска ПЕПТИДНА вакцина, составена од мали пептидни сегменти од корона вирусот, со антигено дејство.
5. SputnikV руска векторска вакцина од човечки аденовирус.
6. AstraZeneca-Oxford, британска векторска вакцина од мајмунски аденовирус.
7. Moderna, америчка mRNA вакцина
8. Pfizer, америчка mRNA вакцина која се транспортира и складира на -70°С.