Проф. д-р Бранимир Несторовиќ зборуваше за нарушување на меѓучовечките односи, за тоа како се губи основната комуникација меѓу луѓето, а тоа на крајот води кон отуѓување.
Имено, д-р Несторовиќ има јасна порака за оние кои сакаат да ја зачуваат својата врска. Тој јасно објасни што ја гуши врската помеѓу две лица и што дефинитивно треба да избегнуваме.
– Нема повеќе јазици, сега се испраќаат смешковци. Им кажав на пријателите, следниот пат кога ќе ми испратат стикер, го раскинуваме пријателството. Човечките односи се сведени на целосно периферно ниво. Живеев кратко време во Германија и таму страшно ми пречеше. Грубо кажано, може да имате секс со секоја девојка, но не смеете да разговарате со неа … Ако прашате нешто интимно после тоа, сака да ве заколи, сака да ве убие … Знаете она- Што правиш? Што ти е гајле! Каде е татко ти? Мрш! – објаснува д-р Несторовиќ.
Тој објаснува дека ова ќе доведе до уништување на Западот.
– Сите ќе одат во Германија, но нема да има германски народ. Тие исчезнуваат – рече д-р Несторовиќ