Др. Бранимир Несторовиќ професор по медицина, специјалист по педијатрија со субспецијализација по пулмологија и алергологија, открива тајни на алтернативната медицина и дава совети за зајакнување на имунитетот.
Во текот на неговата кариера ја стекнал довербата на илјадници граѓани кои ги лекувал во Србија, но и регионов, особено во текот на 2020 година за време на светската пандемија.
Тој ги сумира своите искуства со пациентите и ги открива тајните на неколку методи на алтернативно лекување.
“Постојат многу начини за зајакнување на имунитетот. Едниот од нив е прошетка на студен воздух, која трае до еден час. Вториот е престој во сауна, исто така до еден час. Користете храна богата со растителни влакна, зеленчук и морска риба најмалку двапати неделно, по можност печена”.
Дефинитивно знаеме дека психолошкиот стрес доведува до сериозно потиснување на имунолошкиот одговор, вели тој и додава:
“Стресот активира одговор што во основа има активирање на симптокусот, а сето тоа оди на штета на активноста на имунолошкиот систем и интелектуалните функции. Затоа, постигнувањето состојба на релаксација, вежби за дишење, добар сон, медитација е секогаш добро за имунитетот”.
Околу исхраната и алтернативната медицина тој има часови и часови разговарано со тенисерот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ. Еве што препорачува:
“На прво место е листот од коприва, на второто секогаш би го ставил лукот, а на трето место оревот. Копривата содржи бројни имуностимулативни и антиканцерогени супстанции и соединенија. Лукот и брокулата се изразени антиоксиданти. Оревот е храна со многу корисни материи, некои од нив, на пример јунгланот се наоѓа само за оревот”.