Од досегашното однесување на омикрон, таму каде што е евидентиран во Европа, се претпоставува дека тој досега многу лесно шири, но не дава тешки симптоми како другите претходни варијанти, изјави за Утрински брифинг д-р Александар Митов.
-Тоа е шанса да забрза колективен имунитет и ако се случи тоа пандемијата сама себе ќе се заврши, вели докторот и додава дека Македонија веројатно би била една од првите земји во Европа што ќе се ослободи од болеста бидејќи имаме голем број прележани.
Д-р Митов вели дека штом е ставена на маса оваа терорија, тоа значи дека научниците виделе некои докази кои водат во правец на тоа вирусот сам себе ќе се порази.