Во јавноста се шират различни шпекулации за тоа зошто се водат два регистра на починати. За што станува збор, во „Утрински брифинг“ подетално објасни д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
-Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, – вели д-р Мехмедовиќ.
На прашањето зошто во Македонија има загрижувачки бројки на починати д-р Мехмедовиќ вели дека ќе бидат преразгледани сите бројки.
-Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, – вели д-р Мехмедовиќ.