Доктор Ненад Лазаров открива каква опасност постои доколку сте козумирале од јогуртот „Баланс плус“, серијата која беше повлечена од пазарот од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Без никаква паника и да сте испиле цело шише јогурт од спорниве, па и две.
Единечна таква доза ама баш ништо нема да ви направи, треба надлежните ова да го нагласат за да не се паничи народ, има луѓе што се поосетливи и навистина вознемирени.
Овде потенцирам и за трудници кои би требало да се редовни конзументи на јогурт.
Немиените раце се многу поопасни – напиша д-р Лазаров на својот Фејсбук профил.